Декларацијата за Mир на ХипХопот беше претставена пред Организацијата на Обединетите Нации на 16ти мај, 2001 година. Ја потпишаа разни организации како Храмот на Хип Хопот, Ribbons International, УНЕСКО, како и 300 Хип Хоп активисти, пионери и делегати на ОН.
Најпрво, овој документ го признава Хип Хопот како меѓународна култура на мир и благосостојба. Исто така, претставува збир на начела кои ги советуваат сите Хип Хопери да го поддржат мирољубивиот карактер на Хип Хоп Културата и да создадат мир во светот.
Дополнително, оваа Декларација има за цел да го претстави Хип Хопот како позитивна појава која нема ништо заедничко со негативната слика за Хип Хопот како нешто што ги расипува младите луѓе и што ги охрабрува да го кршат законот. Krs One, Pop Master Fabel, Afrika Bambaataa, Ralph Mc Daniels и HarryAllen се само некои од луѓето што придонесоа во создавањето на Декларацијата.
Хипхоп Декларацијата за Мир ја води Хипхоп Културата кон слобода од насилство и претставува вид заштита на опстанокот и развојот на меѓународната Хипхоп заедница. Преку начелата на оваа Декларација за Мир на ХипХопот, ние - Хип Хоп Културата, поставуваме темел на Здравје, Љубов, Свест и Изобилие (Health, Love, Awareness and Wealth – The H-LAW), мир и благосостојба за нас, нашите деца и нивните деца, засекогаш.
Доколку има потреба да се појасни значењето и целта на Хипхопот, или доколку се доведе во прашање намерата на Хипхопот, или доколку настанат расправии помеѓу (спротивставени) страни во врска со Хипхопот; Хипхоперите ќе имаат пристап до советите на овој документ, Декларацијата за Мир на ХипХопот како нивен водич, советник и заштитник.
ПРВО НАЧЕЛО
Хипхоп (ХипХоп) е термин што ја опишува нашата независна колективна свест. Постојано во развој, се изразува преку елементи како Breakin, Emceein, Graffiti Art, Deejayin, Beatboxin, Street Fashion, Street Language, Street Knowledge and Street Entrepreneurialism (или – брејкденс, емсинг, графити уметност, диџејство, битбокс, улична мода, уличен јазик, улична школа и улично претприемаштво). Секогаш и секаде каде што ќе се изразуваат овие и идните елементи и аспекти на Хип Хоп Културата, оваа ХипХоп Декларација ќе насочува кон употреба и изведба на тие елементи, аспекти и начин на живот.
ВТОРО НАЧЕЛО
Хип Хоп Културата ги почитува достоинството и светоста на животот без дискриминација и предрасуди. Хипхоперите треба целосно да ја имаат предвид безбедноста и подобрувањето на животот, пред индивидуалната одлука да го уништат или на било кој начин изменат неговиот природен развој.
ТРЕТО НАЧЕЛО
Хип Хоп Културата ги почитува законите и спогодбите на нејзината култура, земја, институции и секое нешто со кое доаѓа во допир. Хип Хопот не ги крши законите и спогодбите.
ЧЕТВРТО НАЧЕЛО
Хипхоп е термин што ја опишува нашата независна колективна свест. Како свесен начин на живот, го признаваме нашето влијание врз општеството, особено врз нашите деца; и вечно ќе ги имаме на ум правата и благосостојбата на обете. Хип Хоп Културата ја поттикнува женскоста, мажеството, сестринството, братството, детството и семејството. Свесни сме и не покажуваме било какво намерно непочитување што го загрозува достоинството и репутацијата на нашите деца, постари лица и предци.
ПЕТТО НАЧЕЛО
Способноста да се одредиме, одбраниме и образуваме себеси е поттикната, развиена, зачувана, заштитена и промовирана како средство кое служи за мир и благосостојба како и за заштита и развој на нашата сопствена вредност. Преку разбирање на целта и преку развој на своите природни и стекнати вештини, Хипхоперите се поттикнуваат секогаш да ги претставуваат нивните најдобри дела и идеи.
ШЕСТО НАЧЕЛО
Хип Хоп Културата не цени врски, лица, настани, дела и слично каде што не се почитуваат и земаат предвид зачувувањето и понатамошниот развој на Хип Хоп Културата, начелата и елементите. Хип Хоп Културата не учествува во активности кои очигледно ја уништуваат или менуваат нејзината способност за мирно постоење. Хипхоперите се поттикнуваат да практикуваат чесност во сите преговори и спогодби.
СЕДМО НАЧЕЛО
Сржта на Хип Хопот е повеќе од забава: Елементите на Хип Хоп Културата можат да се заменат со пари, чест, моќ, почит, храна, живеалиште, податоци и други средства; сепак, Хипхопот и неговата култура не можат да се купат, нити се за продажба. Не можат да се префрлат или заменат од страна на никого за никаков надоместок во било кое време или место. Хипхопот е бесценетото начело на нашето самоеманципирање. Хипхопот не е производ.
ОСМО НАЧЕЛО
Компании, корпорации, непрофитерски и невладини организации како и индивидуалци и групи кои очигледно профитираат од употребата, изведбата и/или експлоатацијата на терминот Хипхоп (т.е. Хип Хоп, Хип-хоп) и изразите и терминологијата на Хипхопот (т.е. Хип-Хопот, Хип Хопот) се поттикнуваат да овластат и/или вработат редовен или вонреден овластен експерт за култура којби објаснувал и одговарал чувствителни прашања во врска со начелата и правилното претставување на елементите и културата на Хип Хопот; поврзани со дела, индивидуи, организации, заедници, градови како и други земји.
ДЕВЕТТО НАЧЕЛО
3ти мај е Ден на Рап музиката. Хипхоперите се поттикнуваат да го посветат своето време и талент на личен развој, како и на служба на нивните заедници. Секоја трета недела во мај е Недела за ценење на Хип Хопот (Hip Hop Appreciation Week). Во текот на оваа недела, Хипхоперите се поттикнуваат да ги ценат своите предци, да размислат за своите придонеси за културата и да ги ценат елементите и начелата на Хип Хоп Културата. Ноември е Месец на историјата на Хип Хопот.Во текот на овој месец Хипхоперите треба да учествуваат во создавањето, учењето и ценењето на историјата на Хип Хопот како и на оние кои придонеле за историско-културниот развој.
ДЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хипхоперите се поттикнуваат да градат значајни и цврсти врски што се засноваат на Љубов, доверба, еднаквост и почит. Хип Хоперите се поттикнуваат да не ги лажат, злоупотребуваат или предаваат своите пријатели.
ЕДИНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хипхоп заедницата постои како меѓународна култура на свест и за сите раси, племиња, религии и типови на луѓе претставува основа за размена на нивните најдобри идеи и дела. Хипхоп културата се обединува како еден мултивештински, мултикултурен, мултирелигиозен, мултирасен народ посветен на втемелување и развој на мирот.
ДВАНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хип Хоп културата не поддржува нити пак самоволно учествува во било каква форма на омраза, презир, предрасуда или кражба во било кое време. Во никакви околности Хип Хоп културата не учествува во насилна војна во своите редови. Оние кои намерно ги прекршуваат начелата на Декларацијата за Мир или намерно ги одбиваат нејзините совети, преку сопствените дела, го губат правото на заштита тука наведено.
ТРИНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хип Хоп културата не ги одобрува незрелите мотиви за неоправдани злодела и секогаш бара дипломатски, ненасилни стратегии во решавањето на проблемите. На Хипхоперите им се советува да практикуваат прошка и разбирање пред било каков акт на одмазда. Војната да биде крајно решение кога веќе сите извори на дипломатски преговори пресушиле повеќепати.
ЧЕТИРИНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
На Хипхоперите им се советува да ја искоренат сиромаштијата, да се борат против неправдата и да создаваат погрижливо општество и помирен свет. Хип Хоп Културата ги поддржува зборовите и делата што придонесуваат да нема раздори во општеството, се занимава со вистинските грижи на човештвото и помага во создавање на услови за мир.
ПЕТНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хипхоперите ja почитуваат Природата и учат од неа, без разлика каде се наоѓаат на Земјата. Хип Хоп Културата ја смета за света должноста да придонесува за нашиот опстанок како независни, слободоумни суштества во и низ Универзумот. Планетата, уште позната и како Земја е нашиот родител и Хипхоперите треба да ја почитуваат Природата и сите суштества и жители на Природата.
ШЕСНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хипхоп пионери, легенди, учители, постари и предци нема да бидат погрешно цитирани, погрешно толкувани или непочитувани во било кое време. Никој не смее да се претстави како Хипхоп пионер или легенда додека не ја докаже со факти и/или сведоци веродостојноста и придонесите за Хипм Хоп Културата.
СЕДУМНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хипхоперите треба да ги делат средствата. Хипхоперите треба да даваат великодушно и често. Должност на секој Хипхопер е да помага, секогаш кога е можно, во олеснување на човековото страдање и во барање правда. На Хипхопот му се оддава најголема почит кога Хипхоперите меѓусебно се почитуваат. Хипхоп Културата се зачувува, расте и развива кога Хипхоперите се чуваат, поддржуваат и се помагаат меѓусебно.
ОСУМНАЕСЕТТО НАЧЕЛО
Хип Хоп Културата одржува здраво, грижливо и богато, централно Хипхоп здружение потполно свесно и со моќ да ги поттикне, подучува, претстави,измени и брани начелата на оваа ХипХоп Декларација за Мир.
ПОТПИШИ СЕ!
Со потпишување на овој документ, ја изјавуваме нашата поддршка и членство во единствената Хип Хоп Култура која се заснова на правилата и вредностите споменати во горенаведената декларација. Исто така, го отфрламе лошиот глас што ја бие Хип Хоп Културата, а е често поврзан со насилство и агресија или е грешно формиран стереотип кој го шират медиумите и комерцијалните квази-Хипхоп икони на поп културата.
Овој документ ги претставува намерите на Хип Хоп Културата. Кога доброто име на Хип Хоп Културата го загрозуваат лошите постапки на луѓето кои себеси се идентификуваат како Хип-Хоп, а не ги почитуваат начелата на оваа декларација, документот (заедно со листа на потписи) ќе биде испратен до владините институции и средствата за масовно комуницирање (медиумите).
Ве уверуваме дека личните податоци што ќе ги оставите тука ќе бидат безбедни и нема да бидат употребени во комерцијални цели и нема да бидат јавно откриени.
Предупредување: Само потписи со вашето лично име, презиме, држава и град ќе бидат официјално прифатени и само овие ќе се земат предвид во подготовката на листата со потписи.
